Лагард: Проблемот со грчкиот пензиски систем е директно поврзан со олеснувањето на долгот

Од:

Реформите во пензискиот систем во Грција треба да бидат продлабочени, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, поврзувајќи ги промените во грчкиот пензиски систем со олеснувањето на надворешниот долг на земјата.

Таа истакна дека десет отсто од бруто домашниот производ на Грција се одвојува за помош на пензискиот систем, чие реформирање е неопходно, со цел да не се наталожуваат долгови и дефицити.

– Секогаш велев дека грчката спасувачка програма треба да се движи во две насоки – едната е значителни реформи, а другата олеснување на долгот. За да се случи тоа, Грција треба да ги реформира пензискиот и даночниот систем, но и да го ограничи даночното затајување. Олеснувањето на грчкиот долг треба да биде поврзано со овие реформи, нагласи Лагард.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он