Лагард: ММФ ќе ги почека резултатите од изборите во Грција, па потоа ќе дејствува

Од:

Меѓународниот монетарен  фонд (ММФ) ќе ги почека резултатите од предвремените парламентарни избори во Грција на 25 јануари и дури потоа ќе види какви активности ќе преземе, изјави извршниот директор на Фондот, Кристин Лагард, цитирана од весникот „Етнос“.

Лагард појасни дека Фондот не отишол во Грција и во други земји, туку земјите дошле до Фондот и од него побарале финансиска помош.

-По изборите ќе имаме разговори со новата грчка Влада, дополни таа.

Паралелно со ЕУ и ЕЦБ, и ММФ, исто така, е дел од таканаречената тројка кредитори за излез на Грција од тешката криза.

Фондот на Грција и одобри заем во износ од 30 милијарди евра. Во декември ММФ ја соопшти својата одлука за повторно уредување на  преговорите за доделување на последната транша од спасувачката помош за Грција до формирање на новата Влада во Атина. Тогаш Фондот требаше да ја деблокира траншата од 3,5 милијарди евра.

Претпоставките беа дека доцнењето се должи на постоењето разлики меѓу двете страни за прашањата повразни со очекуваната дупка во буџетот на Грција за оваа година и со даночните олеснувања, кои Владата ги истурка преку кредиторите.

Шефицата на Фондот подвлече дека по изборите Грција, како и секоја друга европска земја, треба да изведе структурни реформи, неопходни за заддржување на растот, и да создаде услови за инвестиции и за отворање нови работни места.

-Доколку не е потребно, ние како Фонд нема да одиме во земји како Грција, Португалија, Шланија, Ирска и Кипар, бидејќи тоа ќе начи дека политиките што тие ги следеле ја зачувале нивната економска стабилност, рече уште извршниот директор на ММФ.

Би можело да ве интересира

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски