Претседателката на Европската централната банка, Кристин Лагард оцени дека ширењето на коронавирусот носи „нова доза на неизвесност“ на економскиот раст.
Лагард истакна дека заканата од трговска војна меѓу САД и Кина губи на интензитет, но коронавирусот додава нова неизвесност.
Поранешната директорка на Меѓународниот монетарен фонд истакна дека “ЕЦБ” сака да ги задржи каматните стапки на ниско ниво и да продолжи со купување средства на пазарот што е ефикасен автоматски стабилизатор за поддршка на еврозоната.
Претседателот на Федерални резерви на САД, Џерoм Пауел изјави дека ја следи ситуацијата на епидемијата.
Очигледно е дека ќе има краткорочни последици врз производството во Кина, посочи Паул, додавајќи оти коронавирусот ќе влијае и врз други економии.
Досега од коронавирусот починаа околу 500 луѓе, а заразени се повеќе од 24.000 во Кина