Шефот на ММФ, Кристин Лагард побара од политичките лидери да преземат решавачки чекори за справување со финансиската криза и да го спасат еврото од тонење.
Во говорот на Институтот за меѓународна економија во Вашингтон, Лагард ја посочи како исправна одлуката на Европската централна банка да ги купи обврзниците од економски најслабите членки на еврозоната.
„Овој пат ни е потребен континуиран раст, а не само скок. Доколу веќе правиме нешто различно, тогаш ни треба сигурност, а не несигурност.
– Потребно е, оние што ги донесуваат одлуките и да ги спроведат. Потребна ни е акција. Европа останува епицентар на кризата каде е потребна најитна акција“, изјави Кристин Лагард, претседател на ММФ.