Кузмановска: Тевдовски ја задолжи Македонија со нови 76,3 милиони евра

Од:

„Министерот за задолжување Тевдовски ја задолжи Македонија со нови 76,3 милиони евра со последната аукција на државни хартии од вредност. Само по овој основ досега речиси четврт милијарда евра беше задолжена Македонија. Замислете четврт милијарда евра, а фајде од тоа нема никакво за граѓаните и за државата.

Ако на овие четврт милијарда се додадат 177 милиони евра стопени девизни резерви резултатот на расипништвото на СДС за само три ипол месеци е 420 милиони евра. Тоа се 3,7 милиони евра дневно потрошени пари.

Дали овие пари се наменети за покривање на неспособноста на владата за водење на економијата?

Дали овие пари се наменети за корумпирање на гласачи пред локалните избори?

Дали овие пари завршија само на задоволување на раскошот и луксузот на министрите во владата?

Граѓаните сето ова ќе го казнат и ќе застанат на патот на расипништвото. Граѓаните на избори ќе ја изречат казната за целокупната неспособност и неодговорност на владата на СДС. Колку порано толку подобро за Македонија и за народот“, изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски