Кучи – Шанави: Македонија има позитивен имиџ во Египет

Од:

Можностите за соработка во областа на туризмот, енергетиката, трговијата и минералните суровини, беа главна тема на денешната средба на министерот за економија Дритон Кучи и делегацијата на Арапската Република Египет, предводена од амбасадорката на оваа земја во Република Македонија со седиште во Софија, Манал Џеина Ел Шинави.

Како што соопшти Министерството за економија, стана збор за можноста за поврзување на двете земји со чартер летови што би придонело за зголемување на бројот на туристите во двете земји, а заеднички е констатирана и потребата од организирање што повеќе Б2Б средби меѓу компаниите и туроператорите, како и промоции на туристичките капацитети во двете земји.

Министерот Кучи ја информира египетската делегација за туристичките потенцијали на Македонија, за одличните услови кои ги нуди на странските инвеститори, за енергетските проекти во кои би можеле да се приклучат и египетски компании.

Амбасадорката Ел Шинави, пак, истакна дека Македонија во Египет е позната како прекрасна земја со многу убави места за туристички посети.

Во рамки на делегацијата, беше и шефот за трговија на Египет за Источна Европа, со седиште во Букурешт, Абдел Рахман Рауф, како и политичкиот советник Мохамед Мохсен Амин.

Би можело да ве интересира

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on