Во местата каде што се уште не се дадени концесии, да се направи компромис меѓу волјата на граѓаните и потенцијалните инвеститори, рече денеска министерот за економија Дритон Кучи.
Одговорајќи на новинарски прашања во врска со рудниците во гевгелиско-валандовскиот регион, Кучи напомена дека гласот на народот треба да се слушне и во местата за кои веќе се издадени концесии, но мора да се испочитуваат и инвеститорите кои, според него, ги имаат исполнето своите обврски и придонесуваат за подобрување на економијата.
– Волјата на граѓаните треба да се почитува, но треба да бидеме претпазливи и да видиме дали концесионерите ги имаат завршено сите нивни обврски и дали е се согласно Законот за минерални суровини и законите кои се под ингеренции на Министерството за животна средина, истакна Кучи по промоцијата на сертицифираните СХЛ обучувачи во туризмот.