Крушево за божиќните празници очекува нов „бран“ туристи. За новогодишните празници градот го посетиле околу 1.500 туристи, а поради богатата понуда на градот и чистиот воздух, локалната самоуправа очекува нови туристи, главно од земјава.
Во пресрет на божиќните празници, на 5 јануари попладнето ќе се одржи настанот „Дева – во чест на Новото раѓање“ кога градот ќе биде опкружен со црвени ѕвезди и песна, традиција карактеристична само за Крушево и за Витлеем, Ерусалим. Во рамки на настанот ќе се одржи и божиќен базар во организација на здружението „Крушевска жена“. На шести јануари пак ќе се одржат две бадникови поворки во градот.