Кризата ја намали и заработката на грчките трговски фирми

Од:

Во периодот од 2009 до 2013 година забележан е пад од 85 проценти на заработката на грчките трговски фирми, покажуваат резултатите од анкетата на Националната федерација на трговците.


Сите трговци изјавија дека не се задоволни од мерките на Владата, додека 43 проценти од нив наведоа дека очекуваат продлабочување на рецесија во иднина.


Поради кризата, 42 отсто од трговците изјавиле дека најверојатно ќе бидат принудени да ги затворат фирмите, 74 проценти од нив посочиле дека се обидуваат да ги задржат вработените, а 15 отсто дека сакаат да го намалат бројот на вработени. Само 10 проценти од трговците истакнале оти е можно да го зголемат бројот на вработени.


Во периодот 2012-2013 година се очекува прометот на фирмите да падне за 26,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката