Кристин Легард ќе се кандидира за уште еден мандат како директор на ММФ

Од:

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристина Легард најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на оваа функција.

Нејзиниот сегашен мандат истекува на 5 јули, па процесот за кандидирање е отворен и ќе трае до средината на идната недела.

Британскиот министер за финансии Џорџ Изборн соопшти дека Владата на Велика Британија ќе ја подржи кандидатурата на Легард, изразувајќи задоволство од нејзината досегашна работа.

Подршка таа веќе доби од Франција, Германија, Кина и Јужна Кореја.

Минатиот месец во Париз беше соопштено дека Легард е повикана на судење, откако беше осомничена за „небрежност“ при исплатата на една заостаната компензација на бизнисменот Бернар Тапи во 2008 година, додека таа беше министер за финансии во француската Влада.

Нејзините адвокати ја оценија како „неразбирлива“ поканата за судење и најавија дека Легард ќе поднесе жалба до Судот.

Американките коментатори проценуваат дека и покрај оваа контроверза од пред седум години, Кристин Легард практично нема конкуренција за челната функција во ММФ.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели