Кристин Лагард реизбрана на чело на ММФ

Од:

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја реизбра актуелната директорка на оваа финансиска институција Кристин Лагард за уште еден петгодишен мандат.

Лагард, која во 2011 година беше избрана како прва жена директор на ММФ, беше единствениот кандидат за функцијата.

Таа го водеше Фондот за време на европската должничка криза и периодот на глобалната економска стагнација.

Пред да стане директор  на ММФ, Лагард, која е експерт по меѓународно право, беше француска министерка за економија и финансии, а за време на финансиската криза во 2008 година беше на чело на Советот на министри за финансии и економија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски