Крешник Бектеши – министер за економија

Од:

Новиот министер за економија Крешник Бектеши има завршено високо образование Применети уметности и науки претприемништво и развој на бизнис на Рочестер институтот на технологија во Њујорк, каде во 2008 година се стекнува и со звање бачелор на науки Применети уметнсти и науки (Менаџмент и бизнис администрација).

Како што се наведува во биографијата испратена со предлог-составот за влада во 2012 година магистрира на Универзитетот Шефилд во Солун на Менаџмент и стратегија – Логистика и менаџирање на ланец на набавки.

Работел во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија, а бил економски промотор во Швајцарија во периодот од јули 2016 до јануари 2017 година.

Бил економски промотор и во Белгија, во периодот од април 2011 до јули 2016 година.

Совршено зборува англиски, албански и македонски јазик, а има добро познавање на турски и другите јазици од регионот.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката