Кредиторите збеснати од одбивањето на Атина да им даде информации за реформите

Од:

Грција ги збеснала своите партнери за време на вчерашната телеконференциска врска, одбивајќи да им даде повеќе информации за напредокот на реформите, со образложение дека контактите ќе станат поинтензивни за време на утрешната петстрана средба на врвот во Брисел, соопшти грчкиот сајт њуз.ин, пренесува БТА.

– За многумина на средбата телеконференциската врска беше последната капка што ја прелеа чашата, изјави европски претставник, кој ги опиша резервите на земјите од еврозоната заради однесувањето на новата грчка Влада.

Телеконференциската врска на Европската специјална работна група имаше за цел Грција да им ги даде информациите за состојбата со готовите пари, што и се пред завршување, и дека не и останува ништо друго освен да договори нова спогодба и да даде поттик за реформите, кои може да доведат до деблокирање на заемите што ќе го спречат веќе извесниот банкрот.

Тројца соговорници од ЕУ информираа дека место Грците да дадат информации за рефромите еден од нив изјавил дека овие прашања треба да се разгледаат од премиерот Алексис Ципрас и европските лидери на утрешната средба во Брисел.

Европски претставник изјавил дека никој од нив не разбира на што се надева Грција на разговорите за време на средбата на врвот, на која земјата не фигурира во официјалниот дневен ред и нејзините проблеми можат да бидат разгледани единствено во кулоарите и подопределени политички услови.

Според истиот извор, лидерите на ЕУ не можеле на Алексис Ципрас да му дадат ништо повеќе од тоа што  министрите за финансии од еврозоната веќе му го понудиле, бидејќикаква и да било натамошна финансиска помош за Атина треба да се темели на реформи. А овие реформи, и покрај својата голема непоколебливост, Грција треба да ги реализира.

На телеконференциската врска биле потврдени воздржаноста и гневот на министрите за финансии од еврозоната од однесувањето на грчаката Влада, која не сака да ги почитува своите реформски обврски, преземени од претходната Влада во замена за доделување на речиси 240 милијарди евра, кои земјата го доби под форма на кредити.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија