„Кралот на алуминиумот” го напушти одборот на директори на компанијата Ен плус

Од:

Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска, познат како „крал на алуминиумот“ прифати да го напушти Одборот на директори на компанијата Ен плус. Тој се согласи на чело на претпријатието да бидат поставени нови независни директори.

Вашингтон го услови Дерипаска, кој е мнозински сопственик на Русал, со укинување на санкциите доколку се откаже од контролата над компанијата, која на светскиот пазар испорачува шест отсто од вкупната количина на алуминиум.

„По серијата разговори со претседателот на Одборот, директорот на компанијата Грегори Баркер, Дерипаска се согласи со неговиот предлог да го намали својот удел во компанијата под 50 отсто“, соопштија од компанијата Ен плус. Акциите на компанијата почнаа да раснат по одлуката на Дерипаска да го намали своето влијание во Ен плус групата, а акциите на Русал пораснаа за 0,73 отсто, соопшти московската берза.

Санкциите против Дерипаска и над повеќе од 20 руски бизнисмени се воведени поради обидот да се казни Москва.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Москва: Ѓаволот е во деталите

Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Горан Наумовски

Писториус: Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови и само сака да купи време