Ковачевски: СВ Инвест и Тотал инженеринг никогаш не работеле како подизведувачи во РЕК Битола

Од:

„РЕК Битола категорично ги отфрла обвинувањата од вчерашната изјава на Христијан Мицкоски за наводен криминал, корупција и непотизам во работењето на нашиот најголем електроенергетски комбинат.

Во интерес на вистината, ја информираме јавноста дека носител на јавната набавка за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола е фирмата ГП Пелистер од Битола. Согласно договорот, ГП Пелистер има можност да ангажира подизведувачи, за што комбинатот мора навремено и прецизно да биде известен и за истото да добие согласност.

Најодговорно тврдиме дека фирмите СВ Инвест од Битола и Тотал инженеринг од Струмица, ниту некогаш работеле, ниту во моментов работат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола. Има неколку начини со кои многу лесно истото може да се потврди – преку записниците за изведување на работите, извештајот за работа на ПЕ Рудници, извештаите за влез и излез на лица, возила и опрема во Комбинатот.

Оттаму, со Мицкоски се согласуваме само за едно – надлежните институции, а посебно Јавното обвинителство треба и мора да ги проверат неговите јавно иснесени наводи и да ја утврдат вистината.

А, во иднина секој оној, вклучително и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, што ќе изнесе конструирани невистини, лажни факти и дезинформации со кои ќе ја замајува јавноста, ќе се соочи со одлучен и категоричен одговор. АД ЕЛЕМ и РЕК Битола за секој таков обид ќе побараат одговорност пред судските инстанци.

Воедно, најавуваме дека многу наскоро АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ќе излезат со информации во јавноста за работењето на компанијата и комбинатот во непосредно изминатиот период, но и за периодот кога токму Мицкоски беше ангажиран во РЕК Битола и раководеше со АД ЕЛЕМ“ рече директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор