Ковачевски: Нови инвестиции и добро платени работни места се потврда за успешните владини политики и во услови на светска криза

Од:

„Новата инвестиција за која денеска сме овде ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. Ова е можност за младите, бидејќи компаниите со европски и светски стандарди отвораат работни позиции и за висококвалификувани кадри”, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод новата заедничка инвестиција YFA Аутомотив помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ Скопје 1.

Премиерот Ковачевски истакна дека креирањето добри економски политики и услови за компаниите значи директно вложување и во квалитетот на животот на работниците.

„Кога направивме обиколка на погоните видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката. Ова особено ме радува затоа што тие се моторот на економијата и без нивната посветена работа едноставно нема напредок. Поздрав и до тројца мои бивши колеги со кои во 2003 година работевме заедно и кога ќе ги видам тука знам дека оваа фабрика ќе биде успешна бидејќи се работи за тројца врвни менаџери. Добрите услови за работа, квалитетните инвестиции како оваа овде, посветеноста на зголемувањето на платите, но и добри услуги кои ги нуди државата, се предуслов за среќни и продуктивни работници”, рече премиерот Ковачевски истакнувајќи ја важноста на јасна стратегија и добар пристап во привлекување странски инвестиции, особено во време на криза.

„Денес не е лесно да се привлече инвестиција, особено после пандемијата со КОВИД-19 и посебно во време на војна која се води во Украина во отежнати економски услови, во нарушени синџири на снабдување, при високи стапки на инфлација. Но, токму нашиот пристап го потврди спротивното. Во текот на изминатиот период, денес но и во идниот месец гледаме отворање на нови производствени капацитети и затоа како што го потврдија тоа и меѓународните финансиски институции како и независни аналитичари, Северна Македонија има најдобар пристап во привлекување странски инвестиции споредено со БДП на државата и државите во регионот”, рече премиерот Ковачевски.

Тој се заблагодари на менаџерскиот тим на двете компании, Јангфенг и АРЦ Аутомотив кои како што рече препознаа во нашата држава подрачје за безбедно инвестирање и држава која нуди одлични услови за вложување.

„Отворањето на вакви производствени капацитети се ветар во грб на нашата држава и ја прават конкурентна на глобалниот пазар. Оваа заедничка инвестиција на овие две светски познати компании ја прави Северна Македонија земја во која се произведува и од која се извезува високо квалитетна опрема, за светски познати брендови од автомобилската индустрија”, подвлече премиерот Ковачевски и додаде дека Владата останува силно фокусирана на економскиот развој и посветено менаџирање на економската криза.

„За помалку од една година мандат, само од почеток на годинава заклучно со септември во ТИР-зоните се отворени 1.600 нови работни места. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра”, заклучи премиерот Ковачевски.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ истакна дека со паметен и флексибилен пристап Северна Македонија докажува дека може и знае да биде достоен партнер за глобални играчи и светски компании.

„Првичните разговори за скромна инвестиција денес се сериозен инвестициски проект од 30 милиони евра. Со тоа покажавме дека и мала држава како Северна Македонија може и знае да биде достоен партнер за глобални играчи и компании како Јангфенг и АРЦ Аутомотив. И тоа не со пари и скапи кампањи туку со паметен и флексибилен пристап. Особено ме радува тоа што по разговорите кои ги имавме утрово со менаџментот е дека овој инвестициски проект ќе биде само вовед во нови заеднички проекти кои треба да донесат нови инвестиции и добро платени работни места. Оваа компанија ќе донесе 100 вработувања со плати над државниот просек. Она што охрабрува е дека АРЦ само годинава ги зголеми платите за 20% и ќе ги охрабрам да продолжат да го прават тоа”, изјави директорот на ТИР-зоните Деспотовски.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски