Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши

Од:

Економско-социјалниот совет на денешната конституивна седница ќе ги разгледа барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по потпишувањето на спогодбата за основање на новиот Економско-социјален совет.

Економско-социјалниот совет е свикан денеска, а за претседател е именуван министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Од Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС.

– Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни и на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки бидејќи сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани. Ќе се разгледуваат сите барања кои ќе бидат поставени на денешната седница, потоа официјално ќе бидат дадени на Економско-социјалниот совет и на наредните седници се очекува да се разгледуваат и ќе се донесат заеднички одлуки, рече Дурмиши.

За Владата, како што посочи министерот, е од клучно значење транспарентниот социјален дијалог, најавувајќи дека сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно, а во рамки на Економско-социјалниот совет ќе ги слушнат сите засегнати страни.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка

Дурмиши: Ќе донесеме поригорозни мерки ако идниот месец драстично се зголемат цените

Катерина Ѓуровски

За зголемување на минималната плата ќе се дискутира в четврток на Економско-социјалниот совет

Цените на храната дополнително ќе пораснеа, ако не ја донесевме мерката тврди министерот Дурмиши

Дурмиши: Првичните анализи кажуваат дека цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Катерина Ѓуровски