Конгресот на САД го одобри привременото надминување на лимитот на федералниот долг

Од:

Конгресот на САД го одобри законот за привремено укинување на лимитот на државниот долг, што до крајот на минатата година ја достигна својата определена граница од 16,4 трилиони долари.

Законот вчера со мнозинство беше изгласан во Сенатот, а минатата недела беше поддржан и од Претставничкиот дом. Претседателот Барак Обама веќе вети дека ќе го потпише, соопштија американските медиуми.

Законот ќе и дозволи на американската влада да продолжи во следните неколку месеци да зема кредити за да може да ги исполни своите финансиски плаќања, вклучувајќи ги и оние кон странските кредитори.

Државните службениции ќе ги добиваат своите плати, во пензиските фондови ќе има уплати, а сопствениците на државни хартии од вредност нема да стравуваат за иднината на своите финаниски вложувања.

Според пресметки на економистите, во следните три и пол месеца владата ќе се задолжи со уште 450 милијарди долари и федералниот долг на САД ќе се зголеми до 17 трилиони долари.

Федералните власти се надеваат до тогаш да се најде конечниот компромис за буџетските кавги.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина