Конференција за поедноставување на царинските постапки во регионот

Од:

„Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“ е темата на денешната регионална конференција што ја иницира Стопанската комора на Македонија со поддршка на ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект.

Целта на конференцијата е да даде реална слика на функционирањето на царинските постапки во регионот од аспект на унифицираност и функционалност, како и на можностите за целосно електронско поврзување на системите, со посебен акцент на функционирањето на е-царина.

Во воведниот дел ќе се обратат министерот за економија Дриотн Кучи, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и генералниот директор на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска.

Во партнерскиот ЦЕФТА-ДИХК проект се вклучени стопанските комори од ЦЕФТА регионот и Унијата на трговско индустриски комори на Германија како главен поддржувач на коморските активности кои се во насока на исполнување на обврските согласно ЦЕФТА-Договорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он