Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Како до поголем извоз“.
Со конференцијата ќе претседава ресорниот министер Ваљон Сарачинии кој воедно и ќе се обрати пред бизнис заедницата.
На форумот ќе се дискутира за активностите кои се преземаат за поддршка на извозот, како и за пристапот до финансии и промоција на извозот.