Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал

Од:

Нафтената компанија „Галф”, една од најголемите нафтени компании во Албанија, е под истрага поради шема за измама за продажба на купони во вредност од 1,5 милиони евра (1,85 милиони американски долари) неколку дена пред затворањето на својата дејност, објавија локалните медиуми.

Обвинителството во Тирана го истражува случајот. Главниот осомничен е менаџерот на компанијата Албано Алико, кој е осомничен за шемата за измама.

Обвинителството се сомнева дека компанијата “Галф” намерно продавала повеќе нафта отколку што поседувала преку купони. Се верува дека компанијата собрала 1,5 милиони евра со продавање безвредни купони за своите клиенти.

Некои клиенти однапред платиле и до 3.000 литри гориво и останале со безвредни парчиња хартија во своите раце.

Инаку пред седум месеци Галф влезе на македонскиот пазар. Ја отвори првата бензиска станица во Скопје, најавувајќи дека мрежата во иднина ќе ја прошири низ целата држава.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот