Компаниите кои не ги намалуваат цените на прехранбените производи ќе го загубат правото на поевтина струја

Од:

Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност.

-На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.

Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто, потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.

Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас

Трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати тврди Бектеши