Кој е најскапиот град на светот?

Од:

Најскапиот град на светот е престолнината на Јапонија, Токио, потоа следуваат Осака, Москва и Женева, објави британската консултантска фирма „Mercer“.

Меѓу десетте најскапи градови на оваа листа се најдоа и Сингапур и Цирих, кои го делат 6-тото место.

Европските градови, поради намалената вредност на еврото, забележале пад во однос на минатогодишната листа, па така Париз оваа година е на 37. место, што е за десет места пониско од минатата година.

Лондон падна од 18. на 25. место, Рим од 34 на 42, Атина од 53 на 77, Барселона од 66 на 85 место.

Во земјите од еврозоната, кои се најпогодени од кризата, како Грција, Шпанија и Италија е забележано најголемото поевтинување, особено во делот на недвижностите.

Најскапи градови на американскиот континент се Сао Паоло и Рио де Жанеиро, Бразил, и се наоѓаат на 12 и 13 место, далеку пред Њујорк кој се наоѓа на 33 место, а е најскап град во САД.

Дури 20 градови во Африка се наоѓаат во првата третина на листата и тоа пред се поради зголемената побарувачка, а малата понуда на квалитетни и безбедни станови, чии цени достигнуваат огромни суми пари.

Како и минатата година, најевтин град во светот е Карачи во Пакистан, кој се наоѓа на 214, последно место на оваа листа.

 

 

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана