КЛМ почна да превезува дел од блокираните патници во Амстердам

Од:

Холандската авиокомпанија КЛМ денеска почна да превезува во Амстердам голем дел од патниците блокирани вчера во различни европски земји, јави ДПА.

„Во исто време, авиокомпанијата работи на изнаоѓање нови летови за луѓето кои мораа да патуваат од аеродромот ‘Шипхол’ вчера и кои ги загубија своите врски“, изјави портпаролот на КЛМ за холандската новинска агенција АНП.

„Состојбата донекаде се смири, но се уште е неизвесно дали сите заглавени патници ќе се качат на алтернативни летови. КЛМ сака да нагласи дека прави максимални напори да им понуди на патниците алтернативни летови што е можно поскоро“, рече портпаролот.

Поради значително доцнење на регистрацијата на патниците и обработката на патните исправи и багажот на „Шипхол“, КЛМ вчера по 17 часот го прекина превозот на луѓе од европските аеродроми до Амстердам.

Според АНП, вкупно 42 авиони се вратиле празни во Амстердам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски