Клаус Реглинг: На Грција ќе и треба трет пакет за спас

Од:

Грција е „најтешкиот случај“ меѓу земјите погодени од должничката криза и ќе и биде потребен трет пакет за спас, изјави првиот човек на Европскиот стабилизациски фонд, Клаус Реглинг.

Во обраќање пред Комисијата за економски и финансиски прашања на Европскиот парламент, Реглинг изјави дека по завршувањето на вториот пакет за спас, на Грција  ќе и биде потребна дополнителна помош.

Како што оцени грчкиот весник „Етнос“, ваквата изјава на Реглинг противречи со ставот на раководителот на Европската централна банка, Маруио Драги, кој пред два дена рече дека засега е рано да прогнозира дали на Грција ќе и биде потребен трет пакет со помош.

Со двата досегашни пакет за спас на Грција и беа доделени позајмици во висина од 250 милјарди евра.

Реглинг оцени дека реален проблем со кој се соочува Грција е „бегството на компаниите“, но изтази надеж дека тој ќе биде надминат со подобрувањето на економската ситуација во земјата.

Според Реглинг, основа за нормализација на условите за финансирање на грчката економија треба да биде завршувањето на докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија