Ќе се гради откупен центар за овошје во Oхрид

Од:

Изградба на откупен центар за овошје во Охрид најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски по средбата со градоначалникот Никола Бакрачески.

– Изградбата на овој откупен ценар би била иницијатор за забрзување на развојот на овоштарството во охридскиот регион, посебно за  охридската цреша што е карактеристична за ова поднебје, рече Димоски, изразувајќи задоволство од степенот на соработката со охридската локална самоуправа.

Како локација за изградба на откупниот центар и ладилник за овошјето е посочено селото Лакочереј. Веќе се подготвува планска документација за пренамена  на земјиштето од страна на Секторот за урбанизам и просторно планирање во општината. Врз основа на документацијата, ќе следат постапки за договарање со странски инвеститор.

– Во изминатиов период имавме голем број инвеститори заинтересирани за изградба на ваков откупен центар со што ќе се остварат и нашите ветувања кон граѓаните кои живеат во овој дел, а секако и останатите земјоделци ќе бидат стимулирани да го развиваат производството посебно на познатата охридска цреша и останатите култури, пред се овошјето. Нема да го развиваат само својот бизнис, туку ќе оставруваат нови вработувања, токму она што е и наша круцијална цел, истакна по средбата градоначалникот Бакрачески.

За подобрување на состојбите неодамна беше отворена канцеларија при Секторот за туризам и локален економски развој чии активности имаат за цел да се поттикне развојот на земјоделството и да се обезбеди стручна помош за производителите преку навремено детектирање на проблемите и утврдување начини за нивно брзо решавање.

Градоначалникот Бакрачески најави повеќе мерки за развој на земјоделството во Охридско и привлекување инвестиции.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски