Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите за производство на струја

Од:

Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите што ги доставиле до Владата за производство на електрична енергија до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Како Влада и Министерство за економија имаме добиено планови за производство. Ќе се бара одговорност од одредени раководства на подружниците на ЕСМ, вклучувајќи ја тука и РЕК Битола, кои нема да ги исполнат плановите за производство до крајот на годината, а секако и за наредната година, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека утрово разговарал со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој му кажал дека се прават напори во функција да се стави дополнителен блок во РЕК Битола.

-Сепак најважно од се е да се зголеми ископот на јаглен за да може да функционира РЕК Битола со моќноста која е потребна во моментов. Во делот на набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола согласно денешните информации од Ковачевски во тек е евалуацијата, веќе е последната фаза и најверојатно до крајот на неделата ЕСМ ќе не информира за набавката на дополнителни количини на јаглен за потребите на РЕК Битола. Повеќе од убеден сум дека сите енергетски компании ќе работат согласно плановите. Во случај да не се исполнат плановите кои се доставени до Владата и од енергетските компании, а посебно од подружниците секако ќе се прземат соодветни мерки и ќе има одговорност од нивна страна, потенцира Бектеши.

Во Владата, додаде, разговаравме да се зголеми домашното производство, како и за зголемување на ископот на јаглен, посебно за потребните на РЕК Битола.

-Веќе се дадени насоките за да се вклучи и ТЕЦ Неготино и да се направи јавно приватно партнерство со Стопанската комора и сите заинтересирани страни за да може да се набави мазут и да се стави во функција. Најверојатно и ТЕЦ Осломеј од 1 декември ќе биде целосно во функција за кој се веќе обезбедени количините на јаглен. Веќе имаме понуди и веќе е донесена одлука од страна на ЕСМ, рече Бектеши.

Сепак нагласи дека најверојатно нема да се исполни планот за производство на електрична енергија за годинава.

-Најверојатно во делот на билансот нема да се исполни тоа што беше планирано во делот на производство од домашни ресурси. Затоа и објавивме кризна состојба се со цел да можеме да инјектираме средства од Буџетот во енергетските компании, а дел од тие средства од 65-те милиони евра кои ќе одат кон ЕСМ и МЕПСО секако дека се за набавка на електрична енергија за да се исполни потребата на потрошувачката, било за базна енергија или за пикови кога повеќе се троши електрична енергија од страна на домаќинствата, прецизира Бектеши.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите