Кина вети помош за економски развој на Индија

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ван И денеска изјави дека Пекинг ќе помогне за економски развој на Индија, нагласувајќи дека двете земји делат исти позиции за повеќето прашања, занемарувајќи ги несогласувањата за трговскиот дефицит и спорот за границата.

Ван пристигна во дводневна посета на Индија со цел да покаже дека Пекинг сака да ја подобри соработката со Њу Делхи во повеќе области, вклучително регионалната безбедност.

Посетата се случува две недели по изборната победа на Нарендра Моди, кој е новиот премиер на Индија.

Ван се сретна со индискиот министер за надворешни работи Сушма Свараж со кого разговараше повеќе од три часа. Тоа е првата средба на високо ниво меѓу претставници на Пекинг и Њу Делхи по доаѓањето на Моди на власт.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавата за примрје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Индија и Пакистан се договорија за целосен прекин на огнот

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Индија и Пакистан даваат знаци за смирување на кофликтот, си разменија пораки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пакистан ја нападна Индија