Казни за четири производители на леб од по 300.000 денари

Од:

Три правни субјекти добиле казни од по 300.000 денари затоа што Државниот пазарен инспекторат констатирал дека го продавале леб кој треба да чини 33 денари за повисока цена. ДПИ и вечерва е во контрола на производителите на леб кои треба да ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цената.

–Во овие контроли се направени четири записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице. Имаше ситуација каде што лебот не е по замрзнатата цена, односно беше над 33 денари, изјави вечерва Александра Котели од ДПИ.

Три од прекршувањата се во Скопје, а едно во Куманово.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

A1on

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски