Карлос Слим го напушта бизнисот со тутун

Од:

По цели 30 години, еден од најбогатите луѓе во светот, Мексиканецот Карлос Слим, се повлекува од бизнисот со тутут.

На Интернет страницата на Мексиканската берза, пишува дека Слим одлучил да продаде 20 отсто од акциите на компанијата „ стане Philip Morris Internacional “ за 700 милиони долари.

Слим, според ранг листата на „Блумберг“ на најбогати луѓе во светот, „падна“ од прво на второ место бидејќи во тековната фискална година неговото богатство се намалило за 14 отсто на околу 71,2 милијарди долари.

Најбогатиот Мексиканец, поради мартовската одлука на Конгресот за промена на регулативата на домашниот телекомуникациски пазар, загуби три милијарди долари. Со оваа реформа, компанијата на Слим „Америка Мовил“, која имала монопол на мексиканскиот пазар на телекомуникации, било оневозможено да го надмине пазарниот удел од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба