Јужнокорејската претседателка бара „голема операција“ на економијата

Од:

Петседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хуе денеска побара „голем хируршки зафат“ за заздравување на домашната економија, која во првата половина на годинава оствари најмал раст во последните десет години.

Зголемувањето на БДП во првото овогодишно полугодие изнесувало само 0,3 отсто.

Во 20-минутното обраќање од претседателската палата, Парк побара реформи во секторот за вработување и финансирање на економијата. Таа најави намалување на бенефициите што вон платите ги имаат држаните службеници, но вети дека нема да чепка во примањата на невработените и социјално загрозените.

Аналитичарите го доведуваат падот на јужнокорејската економија и со појавата на смртоносната инфекција МЕРС во мај, но потсетуваат дека сигналите за опаѓање на моќта на еден од џиновите на азиската економија беше најавувана и порано.

Владата во Сеул на поетокот на годинава издвои 30 милијарди долари за стимулирање на развојот, а најавена е и нова инјекција од над 20 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски