Јункер: Економија која не инвестира не создава работни места

Од:

Новата Европска комисија на Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер денеска треба да го добие потребното мнозинство во Европскиот парламент со што ќе ја преземе функцијата на 1 ноември.

Непосредно пред почетокот на сесијата, претседателот на ЕП Мартин Шулц одржа советување со претседателите на политичките групи и претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер, околу начинот на кој ќе тече дебатата.

Јункер му оддаде почит на работата на неговиот претходник Жозе Мануел Барозо и неговата комисиј, кој според него завршил добра работа.

Излагањето на Јункер, како што самиот рече беше повеќе за амбициите на Комисијата, отколку за програмата, која ја претстави во јули. Според Јункер, комесарите се обврзани да ги почитуваат општите политички ориентации, и од нив не бара слепа послушност.

– На моја возраст не започнуваме кариера на диктатор, нагласи Јункер, инсистирајќи на политичкиот карактер на неговата екипа, во која речиси сите членови извршувале високи функции во нивните земји.

Оваа екипа на Европската комисија, во споредба со досегашната предводена од Барозо е оценета како „пополитичка“, на тоа инсистираше посебно Јункер. Директорите на комисијата треба да им бидт послушни на комесарите, а не спротивното, смета тој.

Во неа има четири поранешни премиери Финецот Јирки Катаинен, Летонецот Валдис Домбровскис и Естонецот Андрус Ансип, плус претседателот на комисијата Луксембуржанецот Јункер. Потоа, двајца поранешни шефови на дипломатии Франс Тиммерманс и италијанката Федерика Могхерини и двајца поранешни министри за економија, Французинот Пјер Московиси и Данката Маргет Вестагер.

– Големиот губитник сум јас, бидејќи делегирав голем дел од моите претсдателски надлежности на потпретседателите на Комисијата. Тоа е во интерес на функционирањето на Комисијата, рече Јункер, нагласувајќи дека може да си ги врати назад, ако оцени дека не се исполнуваат како што треба.

Инсистирајќи дека сака во Комисијата да има повеќе жени, но нивниот број остана девет, исто како и во претходниот состав, Јункер нагласи дека ги прифатил забелешките на европратениците при сослушувањето на неговата екипа, што доведе и до промените во иницијалниот тим.

Тој најавќи дека нема да биде „слуга“ на Европскиот парламент, но дека ќе го слуша.

Еврокомисјатра има поддршката од трите големи политички групи во ЕП – Европската народна партија, социјалистите и либералите.

Зелените ги обвинуваат овие три групи за „меѓусебно договарање меѓу пријатели“, што според нив, оди во полза само на евроскпетиците. Педесетте членови на групата на зелените се повикани да гласаат против новиот состав на Комисијата, која според Французинот Јаник Жадо е „без идеи и без визија за Европа“.

Јункер вети дека ќе биде внимателен при почитувањето на европските правила за заштита при преговорите за договорот за слободна размена со САД.

Зборувајќи прво на француски, па на англиски, а потоа премина и на јазикот на „светските шампиони во фудбал (германскиот) кои во моментов имаат тешкотии“, Јункер алудираше не само на тешкотитте на фудбалската селекција, туку и на германската економија.

Според Јункер, економија која не инвестира, не создава работни места. Затоа тој најави дека неговата програма за инвестиции од 300 милијарди евра ќе оди до крај и сите кои ќе се обидат да го одвратат од тоа нема да успеат. Според него потребна е буџетска дисциплина и политика на инвестиции.

Претставувајќи ја програмата и составот на Европската комисија и доделените ресори во неа, Јункер уште еднаш се задржа на проширувањето на ЕУ. Според него, невозможно е да бидат примени нови земји членки во идните пет години, односно до крајот на мндатот на Комсијата во 2019 година,.

Именувањето на „комесар за преговори за проширување“, Јункер го објасни со фактот дека тоа било побарано од дел од комисиите на Европскиот парламент и од дебатата која ја водел „тој лично самиот со себе“.

– Не сакам да ги излажам луѓето, ниту народите. Не треба да им даваме впечаток на земјите кандидати дека можат да станат членки во идните пет години. Нема да има нови членки во текот на овој мандат. Тоа е невозможно, рече Јункер.

Пропратен со аплаузим, тој нагласи дека „не треба да се раскажауваат приказни“. – Не треба да им оставиме да веруваат на тие што чекаат да станат членки, дека тоа може да се случи во следните пет години. Но, евидентно преговорте за проширување ќе продложат со ист елан и жестина и ангажирање, како што беше досега. Се додека е тоа можно, потенцира Јункер.

– Сакам да ги поздравам земјите-кандидати за членство во ЕУ, велејќи им дека преговорите ќе бидат забразани, но не е реално тие да бидат завршени до 2019 година, беше дециден Јункер.

Предупредувајќи на опасностите во кои се живее денес во светот, тој посочи на опасноста од исламистичкото фундаменталистичко движење и на борбата против епидемијата со ебола Тој изрази жалење дека само кога епидемијата стигна во Европа, таа започна да делува, а се осврна и на проблемот со имиграцијата, кој ќе биде разгледуван приоритетно.

За да биде избрана на Европската комисија и е потребно просто мнозинство во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ