Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Од:

Нов мандат, нова енергија и јасна визија за ИКТ секторот

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.

За членови на Управен одбор на МАСИТ беа избрани:

г. Јордан Димитровски, Аитоникс, Претседател на Управен одбор
г. Благој Христов, Македонски Телеком,
г. Драган Чепујноски, А1 Македонија
г. Дамјан Манчевски, МАК-Систем
г-а Софче Јовановска, Скеил фокус
г-а Весна Иваноска, Киншифт Академи
г-а Костандина Пареска Медарски, Валтек
г. Филип Петровски, Дата мастерс
г. Зоран Лазаревски, Ултра

За членови на Надзорен одбор на МАСИТ, избрани се:

г. Горан Митев, Едусофт
г. Миле Стоиловски, Брансис
г-а Маријана Андриќ, Маранд

За членови на Судот на честа на МАСИТ избрани се:

г. Дашмир Истрефи, Хојотек
г. Сашо Јовановски, Даталаб
г-а Јана Дамевска, Инфиго

На конститутивната седница на Управниот одбор на МАСИТ, која се одржа на 15ти мај 2025 година, г. Јордан Димитровски, експерт за развој на бизнис, сопственик и извршен директор на компанијата „Аитоникс“ беше избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ за мандатниот период 2025–2028. Компанијата Аитоникс е високо етаблирана и добро позната во ИКТ индустријата, а оваа година одбележува 25 години успешно работење во Македонија.

Веруваме дека изборот на г. Димитровски носи нова енергија, фокус на конкретни резултати и посветеност на јакнењето на улогата на ИКТ секторот во националниот развој.

Во согласност со последните статутарни измени на МАСИТ, функцијата Претседател на Управниот одбор вклучува и улога на официјален претставник на Комората пред институциите, партнерите и јавноста, што ја позиционира оваа функција како клучна во понатамошното водење и застапување на МАСИТ.

Очекуваме период исполнет со засилена соработка меѓу членовите, проактивна улога на Комората во креирање на политики и конкретни чекори во насока на дигитална трансформација и интернационализација на македонските ИКТ компании.

На новиот Претседател му честитаме и му посакуваме успешен, динамичен и инспиративен мандат!

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции