Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Владата за поголема поддршка на погодените бизниси, актуелната помош е недоволна

Од:

„Нема ниту еден субјект кој ги пофали економските мерки на владата. Пакетот мерки е недоволен и далеку од ефикасен за економијата. Ние имаме конкретни предлози кои до сега се неприфатени. Токму затоа ќе се бориме и понатаму да се издејствуваат мерки кои навистина ќе му помогнат на стопанството и ќе го заштитат на стандардот на граѓаните.

Денес ВМРО-ДПМНЕ поднесе до Владата предлог-уредба со законска сила, со цел одржување на ликвидноста на компаниите во Република Македонија преку субвенционирање.

Предмет на субвенционирањето е одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто плата на работниците во компаниите за месеците март, април и мај 2020 година во износ од најмногу 50% од месечната бруто плата по работник“, вели преку писмено соопштение, Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„За користење на субвенциите, компаниите треба да исполнат 2 услови, и тоа:

намалувањето на вкупните приходи на компанијата во месеците март, април или мај 2020 година да изнесува повеќе од 20% во однос на вкупните просечни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година или најмалку 10% од вработените во компанијата да отсуствуваат од работа заради прогласување на вонредната состојба и спроведување на мерките на Владата и
компанијата да не исплаќа дивиденда од денот на влегувањето во сила на уредбата до денот исплатата на платата за месец јуни 2020 година.

Висината на субвенционирањето заради одржување на ликвидноста преку исплата на бруто платата на компаниите се определува на следниов начин:

ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 20% до 30%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 20%,

ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 30% до 40%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 30%,

ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 40% до 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 40% и

ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува над 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 50%.

Висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година.

Субвенционирање не може да користат компаниите само во случај ако ја намалат платата на работникот за периодот додека се користат субвенциите, како и органите на државната и на локална власт (институции која вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од државата, општините).

Владата ако му мисли добро на стопанството ќе ја прифати оваа мерка. Ова е само мал дел од она што предлагаме да се направи. Продолжуваме да се бориме за стандардот на граѓаните, затоа што ја сакаме Македонија“, вели Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот