Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари − февруари годинава изнесува 1.441.998.000 долари и бележи пораст од 4,6 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 1.898.200.000 долари, што е за 6,5 проценти помалку во споредба со првите два месеци од минатата година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава изнесува 456 203 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − февруари годинава според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ