Излезе од печат вториот број на In your pocket за Скопје со дел за Планинскиот туризам во Македонија. Водичот е печатен во 20.000 примероци и се дистрибуиран на повеќе од 150 локации во градот. Покрај печатена верзија, има и мобилна апликација и веб страница https://www.inyourpocket.com/skopje .
In Your Pocket брендот како најголем градски водич во Европа постои 25 години и во моментов во семејството на In your pocket се вклучени 32 земји во светот со преку 250 водичи за различни градови ширум светот.