Изгласан Буџетот за 2018 година

Од:

Со 62 гласа „За“ и ниту еден против или воздржан, Собранието на Република Македонија го донесе Буџетот за 2018 година. Според планираното вкупните приходи се проектирани на 193,5 милијарди денари, додека расходите изнесуваат 211,7 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит изнесува 18,2 милијарди денари или 2,7 отсто од БДП, што е намалување за 0,2 отсто од минатата година. Очекуваната стапка на инфлација е 1,7 отсто, а во идната година не се планиране поголеми даночни промени, освен зголемувањето на акцизата за нафтата за три денари.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски од собраниската говорница објасни дека Македонија ќе мора да се задолжи во странство поради враќање на стари долгови. Според него, државата во 2018 година ќе мора да се задолжи 40.9 милијарди денари. Според министерот за финансии, тоа ќе се реализира со издавање на еврообврзница, но и со задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вребот.

„Граѓаните треба да знаат дека државата треба да биде подготвена и за враќање на големи и скапи кредити, веќе идните години. Во 2020 и 2021 година, Македонија ќе треба да врати 925 милиони евра, стари долгови“, рече Тевдовски.

Во Дополнетиот предлог буџет кој го испрати Владата, прифатени се амандмани од комисиската расправа во македонското Собрание и со нив направени се зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост