Издадена 19. емисија обврзници за денационализација

Од:

Државата ја емитуваше 19. емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 11,5 милиони евра, со која ќе се обесштетат сите со правосилни решенија за денационализација од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година, каде надоместот е утврдено да се врши преку обврзници.

Како што соопшти Министерството за финансии, средствата кои се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десет годишни рати со годишна камата од два отсто.

-Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното пристигнување според условите, начинот и постапката кои ги утврдува Владата, наведува Министерството.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска