Ивановски: СДСМ бара пари за потребите на граѓаните, а Владата за луксузирање

Од:

СДСМ го достави предлогот за Буџетот за 2013 година. Тој предлог на СДСМ опфаќа кратење на 204 милиони евра наменети за споменици, барокни фасади, криминал, корупција, реклами, мебел, луксузни возила, се она што подразбира неразумно трошење во услови на криза. Ние нашиот потег и конструктивен предлог го направивме и опстојуваме на него.

„Во нашиот предлог за Буџетот 2013 година, има пари и за плати и за пензии и за социјални трансфери и за земјоделски субвенции и за вистински капитални инвестиции. До овој момент, Владата уште не се произнела, или да бидам попрецизен, за жал, за нас неразумно, неразбирливо опстојува на нејзиниот план да ги троши народните пари за луксуз, за криминал и корупција, за непродуктивни намени. Кога имаме волкава сиромаштија, волкава невработеност, кога сите фирми страдаат и штедат, а најголем дел од нив и банкротираат, нема да дозволиме Владата на Република Македонија да ги злоупотребува, краде, пере и ненаменски да ги троши парите на граѓаните. Ако сите граѓани и фирми штедат, ќе штеди и Владата. Или да бидеме до крај прецизни – ние бараме пари за пензионери, за администрација, за фирми, за капитални инвестиции. Владата бара пари за луксузно и ненаменско трошење“, рече Игор Ивановски.

Ивановски потенцираше дека и да не се донесе Буџетот до крајот на декември оваа година ништо нема спектакуларно лошо да се случи.

„Нема да пропадне Македонија заради тој факт. И ова го кажувам врз база на конкретен пример.Буџетот во 2003 година, кога ние бевме на власт се донесе на 27 март 2003, за 2003 година со задоцнување заради изборите, па во 2003 сите ги добија платите, сите ги добија социјалните помоши и трансфери, сите фирми беа наплатени, сите потреби на граѓаните и стопанството беа задоволени. Оттаму, лагата дека со не донесување на овој лош Буџет предложен од Владата дека некој ќе страда, не се точни. Сме го имале овој пример и претходно“, рече Ивановски.

Македонија, рече, се наоѓа во рецесија, се зголемува бројот на блокирани сметки и банкротирани фирми, индустриското производство 14 месеци паѓа, пари нема од инвестиции за лек – само 44 милиони евра за 9 месеци.

„Се е променето на негативно, се кај граѓаните, фирмите и економијата оди надоле. Само Владата ги зголемува своите пари. Е затоа сега нема да дозволиме ваков ненароден Буџет да се донесе. И во исто време, со време, предлагаме концепт да донесеме заеднички, народен, македонски и албански буџет кој што ќе биде буџет за граѓаните и стопанството, а не буџет само за владата и екипата околу неа“, одговори Ивановски на новинарско прашање.

Потенцираше дека оние што ги носи ВМРО-ДПМНЕ на протест со автобуси на ЈСП платени од народните пари да протестираат не се вистинските жртви во овој момент. Вистинските жртви, рече, седат дома и ја даваат подршката на опозицијата.

„Денеска отидовме и разговаравме со Сојузот на пензионерите и им објаснивме тоа што е вистината, а тоа е дека пари за нив ќе има, ама нема да има пари за блиндирани мерцедеси на Груевски и Јанкуловска. Ќе одиме и кај пензионерите и кај земјоделците и кај стечајците, кај сите, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он