Ирак денеска го зголеми извозот на нафта од јужната провинција Басра со 200.000 барели на ден, за да го компензира недостигот од наоѓалишта во северната провинција Киркук.
Ирачкото Министерство за нафта соопшти дека зголемувањето на извозот од Басра го задржува вкупното количество на производство во границите на квотата, договорена со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).