Интензивна жетва на оризот во Кочанско

Од:

Убавото и сончево време ја интензивира жетвата на оризот во Кочанско. Од насеаните 4.310 хектари досега се собрани 2.447 или 56,7 отсто.

– Во годинашната жетва се вклучени 180 комбајни. Просечните приноси се движат и до 5.800 килограми на хектар. Од  домашните сорти ориз најголеми приноси има „сан андреа“, додека од турските, неколкуте кои се веќе во производство ги даваат очекуваните реазултати, рече денеска на прес – конференција Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

За откупот на арпата и белиот ориз кој се уште не е почнат, важи договорената цена од 25, односно 50 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Низа лични дискредитации и навреди за предложените кандидати за в.д. градоначалник на Кочани

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски