ИНТЕГРА: Државата мора да стави ред во телекомуникацискиот сектор

Од:

Македонска конзервативна партија смета дека државата мора да стави ред во телекомуникацискиот сектор и на двете главни телекомуникациски компании Македонски телеком (заради судски докажаните коруптивни активности и поткуп на власта и опозицијата – СДС и ДРПНЕ, а со цел задржување и одржување на монополска позиција на пазарот) и еве сега компанијата А1, за судски докажана директна вмешаност во процесот на незаконско прислушување на Македонски граѓани и фирми (процес паралелен или истоветен со аферата за прислушкување од челниците на ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишно режимско владеење) да им ја одземе лиценцата за работа и на меѓународен тендер да се внесат нови играчи на телекомуникацискиот пазар во Македонија, под строги и транспарентнни критериуми, сметаат од ИНТЕГРА.

Од партијата велат дека „ако Македонија сака да стане сериозна држава која реално остварува политички суверенитет над целата своја територија во денешните граници, мора да го ослободи пазарот од сите монополи, особено во телекомуникацискиот сектор.

„Тоа важи и за монополизираниот банкарски сектор, за монополот на Хеленик петролеум и Окта и увозот на нафта и нафтени деривати, потоа за ЕВН и целокупниот енергетскиот сектор и целосно преструктуирање на МЕПСО, рисет во управувањето и одржувањето на системот за пренос на електрична енергија, како и проширување на мрежата за да се овозможи масовен и зголемен по обем влез на големи инвестиции во сегментот на алтернативни извори на енергија.

Македонија страда од монополи, нивната суверена и неприкосновена позиција на пазарот изминативе децении, доведе до состојба да генерираат нето профитни износи во стотици милиони евра, средства кои го подјадуваат ионака скромниот буџет на македонскиот работен човек“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија

Ристовски во Шуто Оризари: Време е Ромите да добијат шанса да се изборат за подобро утре

(ВИДЕО) Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија

Ристовски: Дајте ни поддшка, да спречиме да го расчеречат Уставот, да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование