Инфо сесија за подгрантовите за развој на туризмот

Од:

На Попова Шапка денеска ќе се одржи информативна сесија за објавениот втор повик за доделување подгрантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот.

Повикот е отворен за општини, регионални плански центри, јавни установи, непрофитни организации (бизнис асоцијации, стопански комори, граѓански организации, едукативни центри и центри за обука), профитни организации (едукативни центри и центри за обука), како и микро и мали претпријатија регистрирани во земјата.

Целта е адресирање недостатоци важни за развој на туризмот.

Подгрантовите за инфраструктурни инвестиции предвидуваат 100.000 до еден милион евра за еден барател или до три милиони евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели, подгрантовите за организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука се до 50.000 евра за еден барател и до 150.000 евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели, додека подгрантовите за локални микро и мали претпријатија се проектирани на максимум 100.000 евра за еден барател и до 300.000 евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели.

Рокот за првата фаза за изразување интерес е 30 април 2018 година, а роковите за втората фаза се: 28 мај 2018 – година почетен датум за квалификуваните баратели да почнат со подготовка на целосни предлози, 6 август 2018 година – поднесување целосни предлози за инфраструктурни инвестиции, 16 јули 2018 година – поднесување целосни предлози за организации од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука и 23 јули 2018 година – поднесување целосни предлози за локални микро и мали претпријатија.

Апликантите мора да ги усогласат своите предлози со процедурите содржани во Прирачникот за грантови кој заедно со целосниот текст на повикот се објавени на веб-страницата www.lrcp.mk.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ