Инфлацијата во САД највисока од 1982 година

Од:

Инфлацијата во САД во февруари порасна за 7,9 отсто на годишна основа, објави Канцеларијата за статистика на Министерството за труд.

Тоа е најголемото забрзување на стапката на раст на потрошувачките цени од јануари 1982 година, кога американската економија се соочи со двојна закана – зголемување на инфлацијата и опаѓање на економскиот раст, јави Си-Ен-Би-Си.

На месечно ниво, растот на потрошувачките цени во февруари изнесува 0,8 отсто.

Економистите анкетирани од Дау Џонс предвидоа дека општата инфлација ќе се зголеми за 7,8 отсто на годишно ниво, а месечно за 0,7 отсто.

Цените на храната се зголемија за 1,0 отсто во однос на јануари, додека цените на енергијата водеа со пораст од 3,5 отсто и придонесоа околу една третина за вкупниот раст на инфлацијата.

Базичната инфлација, без нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми за 6,4 отсто на годишно ниво, што е највисоко ниво од август 1982 година. На месечна основа, базичната инфлација се зголеми за 0,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“