Инфлацијата во еврозоната повторно во пад

Од:

Инфлацијата во 17 земји-членки на еврозоната во март падна, трет месец по ред, на речиси најниското тригодишно ниво.

Европскиот завод за статистика наведува дека потрошувачките цени во еврозоната во март биле за 1,7 отсто повисоки во однос на истиот месец од минатата година, што е најниско ниво од август 2010 година.

Иако инфлацијата е под границата на Европската централна банка не се очекува на утрешниот редовен состанок на ЕЦБ промена на каматните стапки. ЕЦБ се колеба да ја намали основната каматна стапка под рекордно ниските 0,75 проценти иако еврозоната и понатаму е во рецесија, а инфлацијата во пад.

– И покрај слабеењето на инфлаторните притисоци и сите бројни знаци дека и така слабата економска ситуација се влошува, ЕЦБ најверојатно ќе се воздржи од намалување на каматните стапки, оценува економистот од консултантската фирма „ИХС глобал инсајт“, Хауард Арчер.

Би можело да ве интересира

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %