Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд

Од:

Годишната стапка на инфлација во еврозоната се искачи на 8,6 отсто во јуни, достигнувајќи ново највисоко ниво откако статистичкиот завод на Европската Унија, Евростат, почна да ги следи податоците, пренесуваат агенциите.

Според податоците на Евростат, годишната инфлација во 19-те земји кои го користат еврото скокна над претходниот рекорд од 8,1 отсто, постигнат во мај.

Годишната инфлација во јуни 2021 година изнесува 1,9 отсто.

Најголемо влијание врз годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни има енергијата со 2,8 процентни поени (п.п.), потоа храната, алкохолот и тутунот (1,88 п.п.), услугите (1,42 п.п.) и неенергетските индустриски производи (1. 15 п.п.), според Евростат.

Највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (22 отсто), Литванија (20,5 отсто), а најниски во Малта (6,1 отсто) и Франција (6,5 отсто).

Би можело да ве интересира

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %