Индексите на европските берзи бележат раст во претходните четири дена

Од:

Европските берзи растат четврти ден по ред на очекувањата дека пандемијата на коорнавирусот наскоро може да го губи здивот.

Вниманието на инвеститорите, истовремено, е фокусирано на состанокот на министрите за финансии од ЕУ, чие продоложение е закажано за денеска, а на кое ќе стане збор за дополнителните финансиски мерки за поддршка на економиите во Унијата.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 нарасна за 1,5 отсто и е на пат, во скратената берзанска недела пред Велегденските празници, да бележи раст од 5,0 проценти, јавија британските медиуми.

Акциите на компаниите од патничкиот и туристичкиот сектор, како и од банкарскиот и индустријата за осигирување, кои беа меѓу најтешко погодените од ефектите на коорнавирусот, скокнаа меѓу 2,2 и 4,6 отсто.

Растот на референтниот индекс на СТОКС 600 во превод значи дека досега ја повратил пазарната вредност за околу 1,7 билиони долари, и тоа од март кога се намали до својот осумгодишен минимум.

Тој, меѓутоа, и натаму е за околу 24 отсто послаб во однос на својата рекордна вредност, бидејќи вонредната состојба ширум Европа ја згасна стопанската активност и придивижи масовни отпуштања од работа.

Глобалните пазари на акции, исто така, неделава се засилија, што во еден дел се должи на незабележените фискални и монетарни поттикнувања на многу светски земји со цел да се ублажи ударот на здравствената криза врз економијата .

Министрите за финансии подоцна денеска треба да ги продолжат преговорите за пакетот мерки за економнска поддршка, вреден половина билион евра, а, исто така, се очекува и светските производители на нафта да постигнат договор за намалување на производството, што ќе предизвика раст на акциите на енергетските компании за 1,1, процент, дополнија британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Доларот на најниско ниво во последните три години

Голем раст на европските берзи по пресвртот на Трамп

Сите берзи се во пад

Катерина Ѓуровски

Остар пад на светските берзи поради ескалацијата на трговската војна

Катерина Ѓуровски

Светските берзи драстично паднаа, ФЕД го успорува темпото на намалување на каматните стапки

Катерина Ѓуровски

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година