Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Од:

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, ќе се соочат со конфискација, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

– Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

ЕУ бара од нашите судови да одземаат се што се украло, а не само мобилни и автомобили

A1on

Агенцијата за управување со одземен имот лани донирала предмети во вредност од над 760.000 евра

Ана Ололовска

Во Буџетот префрлени 30 милиони денари од Агенцијата за управување со одземен имот

Ана Ололовска