Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно“

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска соопшти дека следната недела, веднаш штом ги добијат листите со корисници, банките ќе почнат да ги издаваат картичките „Купувам домашно“, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.

– Уредбата за платежните картички е веќе донесена, деновиве се обработуваат финалните листи на граѓаните кои ќе бидат објавени јавно. Секој што не сака да добие поддршка, може да каже. Очекуваме средствата да бидат префрелни во текот на идната недела или најдоцна после тоа да се изврши исплтата. Не гледаме дека би имало пречка во реализацијата на картичките, се работи за обемен проект кој бараше добра координација меѓу сите институции. Со картичката „Купувам домашно“ граѓаните ќе плаќаат безготовински што ќе влијае на долг рок на креирање на навиките за безготовисно плаќање, но и на справување со неформалната економија, истакна Ангеловска.

Таа ги повкива сите мали и средни бизнси кои немаат посттерминал, да земат, за да можат да ги примаат каритчките.

-Најголем дел од банките ги нудат посттемирналите без никаков трошок без ралика на прометот, истакна Ангеловска уште еднаш потенцирајќи дека ковид-кризата треба да ја искористиме за да промениме некои работи, да ја забрзаме нашата трансформација – и на економијата и на општеството.

Во врска со картичката, министерката рече дека ова е прв пат да имаме ваков современ начин на аплицирање, без граѓаните да бидат принудени да одат во институциите.

– Сакаме да овозможиме на најлесен начин да ја добијат таа помош, да ја искористат на домашни производи и услуги за проектираните 25 милиони евра да имаат најголемо влијание и помош врз економијата, рече Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска