ICC Арбитражата гаранција за решавање на меѓународни спорови

Од:

Арбитражата на Интернационалната Стопанска Комора (ICC Arbitration), преку Националниот комитет на Интернационалната стопанска комора во Македонија, која решава по најголем број на спорови годишно во светот, станува подостапна и за македонските компании, како гаранција за брзо, ефикасно и професионално решавање на споровите по меѓународни правила.

„Меѓународниот арбитражен суд на Интернационалната стопанска комора е водечката арбитражна институција во светот, која ги зголемува можностите за домашните компании за брзо и ефикасно решавање на споровите кои произлегуваат од склучени договори со меѓународни партнери. При склучување на договори меѓу деловните партнери, искуствата покажале дека во голем дел клучен е изборот на арбитражен суд во самиот договор, кој би делувал во случај на спор како гаранција за сигурно бизнис партнерство и правично решавање на спорот. Арбитражата значи побрзо решавање на споровите, со учество на судии кои се докажани авторитети во глобални рамки“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и додаде дека станува збор за избран суд, во кој споровите кои се изнесуваат пред арбитражата се решаваат врз основа на меѓународното право и арбитражната пресуда е задолжителна за страните во спорот.

Арсовска, истакна дека предноста е тоа што арбитражната одлука е конечна, има сила на правосилна судска пресуда, на неа не е можно да се приложи жалба, со што се спречува одолговлекување на постапката.

„ССК заедно со Интернационалната стопанска комора во Македонија во септември започна со серија на едукативни инфо сесии за подигнување на свесноста за решавање на спорови по најсовремени меѓународни практики, што значи заштеда на време, пари и човечки ресурси. Компаниите се запознаваат со најновите правила на Меѓународниот арбитражен суд (ICC International Court of Arbitration®), актуелни трендови и меѓународни искуства и воопшто предностите од користење на арбитражата. Во светот дури 80% од стопанските спорови се решаваат по пат на арбитража, што укажува на сигурноста на постапката. Исто така и земјите од регионот предничат во решавање на деловните спорови по пат на арбитража, додека кај нас стопанските спорови со години се заглавени во национални судски лавиринти “, изјави Арсовска.

Арбитражата на Интернационалната Стопанска Комора (ICC Arbitration) од 1923 година решава меѓународни деловни спорови како поддршка на трговијата и инвестициите.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка